Наумов: Останувам на заложбите за фер избори во СДСМ

Поранешниот советник на Бранко Црвенковски, Кире Наумов информира дека на денешната средба со секретарот на СДСМ, Андреј Петров, бил информиран дека неговата кандидатура за претседател на СДСМ биле прифатена од Извршниот одбор.

 Петров го известил Наумов дека е направена мала промена на роковникот, па официјалното претставување на кандидатите по општинските организации  ќе започне од понеделник, 20. мај. Целта на ова одложување, стои во соопштението на Наумов, било да се остави време на останатите тројца кандидати евентуално да се договорат за намалување на бројот на  кандидатури.

-Во духот на мојата заложба за фер, демократска и сопартијска кампања ќе ги поканам останатите кандидати на заедничка неформална средба во текот на денот, пишува Наумов.

најчитано сега