Историски рекорд на невработеноста во Грција

Грчките медиуми соопштуваат дека во ноември 2013 година е достигнат нов историски рекорд наневработеноста во Грција кој достигна 28 отсто од работоспособното население.

Според податоците на статистичарите, во Грција веќе има околу 1,4 милиони невработени (1. 382. 062).

Во ноември 2013 година бројот на невработени се зголемил за 78. 041, наспроти истиот месец во 2012 година (раст од пест отсто) и за 5.698 во споредба со октомври 2013 година (раст од 0,4 отсто).

Во ноември 2013 година стапката на невработеност достигна 28 отсто. Во ноември 2012 година таа изнесуваше 26,3 отсто, а во октомври 2013 година 27,7 отсто.

Невработеноста меѓу жените во Грција достигна 32,2 отсто, а кај мажите е 24,9 отсто.

13.02.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега