Драгиша Милетиќ: Милетиќ: Важно е да се организира парламентарна група која не е под диктат на СДСМ
-Веќе е очигледно дека и во Парламентот опозицијата треба да дејствува организирано и да ги отвара прашањата од суштинско значење и интерес за граѓаните на Р.Македонија. Многу поважно од тоа дали ќе бидам независен пратеник е прашањето како да се организира парламентарна група на пратеници кои не сакаат да бидат под постојан диктат на СДСМ. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време, вели за Прес 24, Милетиќ, потенцирајќи дека, денес по локалните избори е во контакт со луѓе од СДСМ кои имаат повисок степен на политичка култура и дејствуваат за пошироки заеднички интереси, а не на поединечни.
Милетиќ во интервјуто за прес 24 го коментира и одност на Андреј Петров, кандидат за градоначалник на СДСМ во Карпош, кој во кампањата од првиот круг ги навредуваше гласачите од српската етничка заедница.
- Јас не знам на кој начин ги обучуваат кадрите во СДСМ па им недостасува основно познавање за принципите на политиката за меѓу етничка и верска толеранција и соживот на сите граѓани во Р.Македонија, јас длабоко верувам во граѓаните на О.Карпош кои сигурно ќе го казнат таквото однесување. Со ваквото однесување и ширење на лаги од страна на Андреј Петров и водењето на кампањата без компас сосема е сигурно дека граѓаните на Општина Карпош повторно ќе го дадат својот глас за Стефчо Јакимовски во вториот круг, вели во саботното интервју за Прес24, Драгиша Милетиќ
Српската напредна страна, која одлучи да го поддржи Стефчо Јакимовски како кандидат за гардоначалник на Карпош и покрај тогашниот став на СДСМ одлучи да излезе на избори, денес по првиот изборен круг има резултат кој го оправдува тој потег. Јакимовски за малку не победи во првиот круг, но влегува со огромна предност пред својот против кандидат од СДСМ, во Старо Нагоричане СНС влегува со свој канидиат за градоначалник, а во една општина во првиот круг победи кандидатот кој го подржа партијата. Драгиша Милетиќ во саботното интервју за Прес24, вели дека ова е рзултат кој значи препознатливост на партијата.
ПРЕС24: Изборните резултати покажаа дека бевте во право кога одлучивте да излезете самостојно на локалните избори. Колку сте задоволни од тоа што го постигнавте како резултат на овие избори? Колку советнички места освоивте?
МИЛЕТИЌ: Многу сум задоволен бидејќи со оваа одлука партијата доби на препознатливост и значаен број на нови членови. Освоивме до сега 9 советника, во исчекување сме на резултати за уште два советника, двајца кандидати за градоначалници одат во втор круг, а еден што го поддржавме победи во првиот круг.
ПРЕС24: Победата на Стевчо Јакимовски во Карпош е сосема извесна, но сепак очекувате ли опструкции, бидејќи негов против кандидат е кандидатот на СДСМ?
МИЛЕТИЌ: Од осамосојувањето на Р.Македонија учествувам на сите избори, но досега ниту една партија не настапила со толку валкана кампања кон мојата партија и воопшто према Србите како претставникот од коалицијата Сојуз за иднината -Андреј Петров, генералниот секретар на најголемата опозициска партија СДСМ. Посебно што членството на СДСМ знае дека Србите во Македонија биле секогаш наклонети кон оваа партија.
Изненадува фактот што мојата партија е дел од коалицијата, онаа коалиција што ме следеше со 15 дена закаснување да учествува на овие избори. Со ваквото однесување и ширење на лаги од страна на Андреј Петров и водењето на кампањата без компас, сосема е сигурно дека граѓаните на Општина Карпош повторно ќе го дадат својот глас за Стефчо Јакимовски во вториот круг.
ПРЕС24: Ве прашувам за опструкции бидејќи кампањата што СДСМ ја водеше во првиот изборен круг, особено во Карпош беше крајно ниска. До тој степен што паднаа обвинувања и на национална база, се сеќавате на онаа изјава на Андреј Петров дека не требало да се гласа за Српски Радикал?
МИЛЕТИЌ: Јас незнам на кој начин ги обучуваат кадрите во СДСМ па им недостасува основно познавање за принципите на политиката за меѓу етничка и верска толеранција и соживот на сите граѓани во Р.Македонија. Јас длабоко верувам во граѓаните на О.Карпош кои сигурно ќе го казнат таквото однесување и кои се на многу повисоко ниво на свест и демократско живеење од оние што сметаат дека ќе профитираат со националистички напади.
ПРЕС24: Какви Ви се сега односите во коалицијата на СДСМ?
МИЛЕТИЌ: Од моја страна соработката никогаш не прекинала. Во контакт сум со одредени луѓе на централно и локално ниво кои сметам дека имаат повисок степен на политичка култура и дејствуваат за пошироки заеднички интереси а не поединечни.
ПРЕС24: Како Српската напредна странка ќе се позиционира на политичката сцена по изборите? Дел од партиите кои беа во Сојузот за иднината ја напуштија коалицијата со Црвенковски, Либералите на пример, Сојузот на титовите леви сили, а сега и Достоинство на Стојанчо Ангелов најавува излегување од коалицијата на СДСМ?
МИЛЕТИЌ: Повеќе од јасно е дека на Македонија и треба силна и вистинска опозиција и ние со сигурност ќе придонесеме тој процес да започне што побрзо и на многу поширока основа со вклучување на сите релевантни политички субјекти.
ПРЕС24: Сте размислувале ли во Парламентот по изборите да продолжите да функционирате како независен пратеник или ќе останете во пратеничката група на СДСМ?
МИЛЕТИЌ: Веќе е очигледно дека и во Парламентот опозицијата треба да дејствува организирано и да ги отвара прашањата од суштинско значење и интерес за граѓаните на Р.Македонија. Многу поважно од тоа дали ќе бидам независен пратеник е прашањето како да се организира парламентарна група на пратеници кои не сакаат да бидат под постојан диктат на СДСМ. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи во најскоро време.
ПРЕС24: Во вториот круг влегувате во трка за градоначалник и во Старо Нагоричане. Какви се шансите за победа?
МИЛЕТИЌ: Нашиот кандидат стартува како втор кандидат и тоа јасно говори дека ни требаат многу поголеми напори и ангажмани да ја надополниме разликата. Осмислената кампања во вториот круг очекуваме да даде резултати.
ПРЕС24: Многу од гласовите што ги освои Вашата партија веројатно ќе имаат пресудно значење во вториот изборен круг. На пример во Куманово. Ќе подржите ли некој од кандидатите и како Вашата партија ќе се позиционира во вториот круг?
МИЛЕТИЌ: Имаме барање и од двајцата кандидати за поддршка од нашите гласачи, но тоа е прашање кое треба да го одлучи највисокото раководство на Српската Напредна Странка во Македонија во соработка со членството од Куманово. Очекувам дека на почетокот кон следната недела ке имаме став околу тоа прашање.
ПРЕС24: Како ги оценувате односите меѓу Македонија и Србија, на политички, но и на економски план?
МИЛЕТИЌ: Од секогаш биле добри со големи резултати на економски план и се надевам дека истата ќе се прошири. Во тој правец е и посетата на делегацијата на Македонското собрание која јас ја предводам следната недела во Српскиот парламент
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа