По "Дуле и Коки" следува "Тајфата" - Коки продолжува во музиката

 

Вчера во City Hall се одржа промоција на промоција на нешто сосема ново, нов музички правец, нова староградска музика, нов музички бренд, "Тајфата" и нивниот прв хит „Еден пат за еден живот“.

Како што јавува Вистина.мк, се работи за неверојатен квартет кој го сочинуваат Никола Јанков – Коки, Оливер Младеновски-Оли, Александар Тренчевски-Аце и Владимир Богески-Влатче. Тајфата ќе и се посвети на македонската традиционална музика, со цел овој тип на музика да биде поблиску до новите генерации.

Коки од дуото „Дуле и Коки", запрашан за групата и неговиот нов почеток по долгогодишната соработка со својот драг пријател Дуле, кој го изгуби неодамна, вели дека му е многу тешко и дека почнува без него од нула.

- „Се што ќе почнев да правам ќе беше осудено на пропаст, зошто Дуле и Коки беа едни и единствени и така ќе останат засекогаш. Морав од некаде да почнам и решив да се потпрам на нашата изворна музика и фолклор, на тоа неисцрпно богатство. Тој вид музика за мене е голема инспирација за многу песни. Оставам луѓето да одлучат дали ќе ги слушаат песните од “Тајфата“ и дали ќе се пронајдат во нив. Јас се пронајдов, но и другите членови од Тајфата се пронајдоа во тоа“ , вели Коки, пренесе Вистина.мк.

Тој додава дека почнува од една позитивна нула и дека сето тоа го прави за публиката.

13.02.2014 - 11:54
Фото: 
вистина.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега