Демонстрантите повторно на улиците- продолжуваат протестите во БиХ

Протестите на незадоволните граѓани во БиХ и денеска ќе продолжат пред зградата на Претседателството на БиХ.

Вчера се одржани и првите пленуми за кои имало голем интерес од граѓаните.

Граѓанските плениму засега се без конкретни заклучоци, но на нив, како што се очекува, би требало да се изберат група луѓе кои на државниот врв, чија оставка се бара, ќе му ги пренесат барањата.

 

Босанската полиција вчера до Обвинителството на БиХ поднесе извештај за кривичните пријави против непознати лица поради постоење основан сомнеж дека извршиле кривично дело „тероризам“.

13.02.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа