Егзекутиран убиец на деветгодишно дете на Флорида

Кубанскиот имигрант Хуан Карлос Чавес осуден на смртна казна бидејќи во 1995 година го киднапирал, силувал и убил деветгодишното момче Џими Рајс е егзекутиран на Флорида изјави портпаролот на гувернерот на Флорида, Џеки Шуц. 

Егзекуцијата, на која присуствувал и таткото на момчето, за кратко била одложена поради поднесената жалба од страна на адвокатите на Чавес, но казната сепак набрзо била извршена, по отфрлањето на жалбата од страна на Врховниот суд, пренесува Танјуг.

Во својата последна писмена изјава пред смртта, Чавес не изразил жалење, и истакнал  дека „никој од нас не може да суди за гревовите на другите луѓе“.

Чавес го киднапирал малиот Рајс под закана со оружје откако момчето излегло од училишниот автобус на 11 септември 1995 година во југозападниот округ Мајами-Дејд.

За време на полициската истрага е утврдено дека Чавес го силувал момчето и го убил со пиштол при обид да побегне, а потоа го искасапил неговото тело. Остатоците од телото биле пронајдени дури три месеци подоцна, во близина на приколката каде што живеел Чавес.

 

 

 

13.02.2014 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега