Кандидат за локалните избори на владејачката турска партија убиен во Истанбул

Кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот за локалните избори, закажани за 30 март, е убиен синоќа од непознато лице во вооружен напад во кварт во Истанбул, јави БТА. 

Инцидентот се случил во квартот Бејликџозу пред изборната канцеларија на партијата во европскиот дел на Истанбул.

Жртвата била кандидат на партијата на премерот Реџеп Таип Ердоган за општински советник во тој кварт. 

Едно лице осомничено во врска со нападот е задржано во полиција. 

13.02.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега