Српска пејачка заврши во болница

Српската пејачка Радмила Манојловиќ по напорните настапи со кои е зафатена во последно време, заврши во болница.

Српската пејачка целосно се исцрпела за време на својата турнеја поради која патува од еден крај на светот до друг, па морала да побара помош од лекар. Поради честите настинки кои ги имала бидејќи иопаднал имунитетот, лекарите и препорачале витамински коктел инекции.

- Тоа не се лекови туку витамини кои ми помагаат за имунитетот бидејќи сум навистина исцрпена, вели Рада за српскиот Курир.

Стилистот на пејачката на Фејсбук објави фотографија на која се гледа како таа прима инфузија во болницата во која се лечи. 

13.02.2014 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа