Турскиот министер за надворешни повика на помирување во Босна

Актуелниот турски министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу  синоќа ја посети босанската престолнина Сараево и најави посета на Хрватска и Србија. 

Според него и двете земји имаат важни и значајни врски со БиХ.

”Тоа се две држави, кои можат да придонесат за мирот и стабилноста на Босна. Тие имаат многу добри односи со Турција . Тоа се земји со кои ние развивме механизмот на трилатерални средби на највисоко ниво”, вели Давутоглу .

Тој изјави дека за време на средбата на министрите за надворешни работи во Брисел било нагласено дека Босна ќе добие помош само доколку се разговара со сите претставници во земјата.

“Ако се зборува само со една страна, тоа може да предизвика противење. Во Брисел реков дека ќе започна турнејата со Сараево како израз на почитување на нејзиниот интегритет и политичкото единство”, истакна Давутоглу.

13.02.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа