Удавени 11 имигранти при обид од Мароко да стигнат во Шпанија

Шпанската полиција пронајде 11 безживотни тела на имигранти кои се удавиле при обид од Мароко пливајќи да стигнат до шпанскиот брег.

Телата се пронајдени на плажата Терахал во местото Сеута..

Според шпанските медиуми и групи за заштита на човековите права полицијата пукала врз имигрантите во морето додека тие пливале.

Генералниот директор на цивилната стража потврди дека неговите луѓе пукале но притоа употребиле гумени куршуми и пукале во воздух.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас денеска во Парламемтот ќе одговори на прашањата во врска со смртта на имигрантите.

13.02.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега