Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.

Комисиите ќе расправаат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, во второ читање.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија ќе се најде и предлог-законите за изменување и дополнување на законите за трговски друштва, за минерални суровини и за заштита на културното наследство, сите во второ читање. 

13.02.2014 - 08:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега