Еве што се случувало вечерва пред Веро Центар во Скопје

Масовна тепачка меѓу две групи момчиња од албанска националност ја привлекла полицијата пред Веро Центар во Скопје. Како што дознава Press24 од полициски извори, две групи момчиња од скопско Батинци најпрво почнале расправија која брзо прераснала во тепачка. Инцидентот се случил пред вратата на Веро Центар спроти Народната банка. Оезбедувањето на Веро Центарот било немоќно да се справи со групата, па веднаш повикале полиција. На лице место пристигнале специјалните единици Алфа, а потоа тука пристигнале и неколку полициски возила и комбиња. Насилниците биле фатени на лице место. Нашите извори велат дека во тепачката учествувале девет лица. Две се здобиле со потешки повреди и се префрлени во Урегентниот центар, додека останантите се приведени во полициската станица Центар и по расчистувањето на случајот ќе следат соодветни пријави.

ФОТОГАЛЕРИЈАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА

12.02.2014 - 21:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега