Бекам се повлекува од фудбалот!

Фудбалерот на Пари Сен Жермен Дејвид Бекам соопшти дека на крајот на сезоната ја завршува својата играчка кариера.

38-годишниот Англилчанец кој се реши да ја прекине кариерата ќе биде запаметен по големи фудбалски достигнувања. 

- „Им се заблагодарувам на луѓето од ПСЖ што ми дадоа прилика да продолжам, но чувствувам дека сега е вистинското време да ја завршам својата кариера и играњето на највисоко ниво“, изјави Бекам.

-„Доколку како дете некој ми кажеше дека ќе играм за Манчестер Јунајтед и ќе освојувам титули, оти ќе настапувам и гордо ќе го носам дресот на репрезентацијата на Англија повеќе од 100 пати, а како врв на се ќе сум дел од најголемите светски клубови, ќе речев дека тоа е само сон. Имав среќа да си ги остварам соништата“, додава Бекам.