Ристовски: Монструмот од Кочани заслужува најстрога затворска казна

 

Министерот за труд и социјална политика на Република Македонија, Спиро Ристовски, денеска истакна дека сака кочанчанецот кој сексуално го злоуптребувал својот 4-годишен син да добие максимална затворска казна.

Ристовски до надлежните апелираше ова дело да не остане не казнето туку да биде најстрого казнето како што и заслужува.

-За секоја злоупотреба, па и за оваа најстрашната барам сторителот на ова дело, овој монструм да биде соодветно казнет. Ова е најгрозниот пример дека станува збор за луѓе без никакви чувства, па ниту нормални чувства кон своето дете, истакна Ристовски.

ФОТО: Денешен 

 

најчитано сега