Митото во Србија „чини“ околу 250 евра

Во последните податоци на истражување кое на шест месеци го спроведува УНДП и Цесид стои дека просечниот износ на мито во Србија е околу 250 евра и граѓаните во најголем број случаи сами го нудат, и сметаат дека корупција најмногу има во политичките партии, здравството и полицијата.

Корупцијата е трет по ред проблем со кој се соочуваат граѓаните на Србија, зад невработеноста и сиромаштијата.

За разлика од предходната анализа , граѓаните на Србија веќе не ја сметаат корупцијата за основен проблем.

Според  граѓаните корупцијата е најмногу распространета во здравството, односно  кај лекарите, вработените во филијали на фондот за здравстввено осигурување, а потоа следат медицински сестри и техничари. 

12.02.2014 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега