Заврши потрагата: Му се насмеа среќата на Владимир од Њујорк - пронајдена Македонката Ева

Владимир од Њујорк преку српско радио реши да си ја проба среќата и да ја пронајде девојката во која се заљубил на прв поглед. Тој испратил порака до радиото во која вели дека запознач девојка во метро и иако ја видел само 5 минути, тоа му било доволно да се заљуби во неа. Уште полесно му било кога дозанал дека потекнува од Скопје.

Порталот Курир, ја пронајде скопјанката по која трагаше момчето од Њујорк. Се работи за Ева Скендеровска, одлична актерка во Театар комедија, инакуќерка на Валентино Скендеровски.

-Станува збор за Црногорец кој го запознав во метро додека одев на гости кај тетка ми. Не запозна една другарка. Нашата средба траеше кратко, само се запознавме и кратко разговаравме. Овој повик за мене беше големо изненадување, вистински шок, но кога малку ќе се смират емоциите сакам да исконтактирам со него, вели Ева за Курир.

Повеќе за пораката на момчето прочитајте ТУКА.

 

12.02.2014 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа