Матурантите ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди - матурска парада 2013

 

Денеска повеќе од 1.200 матуранти точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје играа Квадрил. Се работи за средношколци од вкупно 19 скопски училишта, како и матурантите од Куманово, Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга.

- Европската унија, вашиот иден дом, е како овој танц, сите различни, а сепак исти, рече евроамбасадорот Аиво Орав, поздравувајќи ги матурантите.

Зорица Стаменковска од Агенцијата за млади и спорт изрази задоволство од огромниот број матуранти, учесници на парадата, кои, како што рече, годинава ќе успеат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

- Верувајте во себе, инспирирајте ги луѓето околу вас, не престанувајте да ги реализирате своите соништа, желби и замисли, им порача Стаменковска на средношколците.

Покровители на манифестацијата се Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт, поддржувач е Делегацијата на ЕУ во Македонија, а за организацијата се погрижија Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и танцовиот клуб „Ритам плус“.

ФОТО: МИА 

 

најчитано сега