Создадени услови за поефикасна здравствена заштита на жителите од Пехчево

Министерот за здравство, Никола Тодоров, денеска ги посети реконструираните простории во Здравствениот дом во Пехчево.

За време на посетата, Тодоров, потенцираше дека се одвоени 2,5 милиони денари во опрема и со 1,1 милион денари за реконструкција на покривот, со што се создадени услови за поефикасна здравствена заштита на жителите од Пехчево и околните места.

Директорката на Здравствениот дом во Пехчево, д-р Драгица Апостолова, го информираше министерот дека поранешните потешкотии во работењето на таа здравствена установа се надминати со набавка на поголем број медицински апарати како ЕХО на срце, мамограф и други дијагностички апарати, но и со можноста за специјализација на докторите од таа јавна здравствена установа.

Во Здравствениот дом во Пехчево се вработени 34 лица медицински персонал, но има потреба од педијатар, за што е во тек конкурс и според најновите сознанија на директорката наскоро овој проблем ќе биде надминат бидејќи од Скопје се јавил кандидат за пополнување на тоа работно место. 

12.02.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега