Ајде да помогнеме: "Ја видов само еднаш и се заљубив!" - Владимир од Њујорк ја бара Македонката Ева преку радио

На утринската програма на српското радиот РадиоС, Владимир од Њујорк ја бара Македонката Ева која ја запознал во метро. Неговата порака гласи вака:

- „Здраво луѓе, ве слушам редовно иако сум далеку од родниот град, во Њујорк. Пред неколку дена налетав на нешто најубаво, на Ева. Срцето ми беше поголемо кога ми кажа дека е Македонка. Ева ми даде контакт, но јас го изгубив, извинете малку сум несмасен. Знам само дека се заљубив и дека ја барам, дека вие можете да ми помогнете. Затоа ве замолувам да ја пронајдете. Ева од Њујорк пристигна на 8 февруари во Скопје. Ја видов само еднаш во њујоршкото метро, а веќе ми недостасува“.

Па, да му помогнеме на Владимир кој очајно ја бара девојката во која се заљубил на прв поглед.

12.02.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега