ФОТО: Фрла пари за операции за да наликува на ѓавол!

Дијабло Деленфер од Америка има само една цел во животот - да стане ѓавол! 

Верувале или не, тој потрошил 10.000 долари за да изгледа како ѓавол, а за таа цел бил на операција за всадување рогови на неговата глава, потоа за расекување на јазикот за да му биде раздвоен на два дела, а ги истетовирал и јаболчниците во црвено, само за да наликува на ѓавол.

- Свесен сум за се што правам. Буден гледам како ми се доближуваат иглите и тоа е страшно. Но, не можете да се плашите од болка ако сте ѓавол, вели Дијабло.

Тој за себе вели дека е уметник на модификацијата на телото. Задоволен е со својот изглед до сега, но веи дека повторно би претрпел болка за да си ја постигне зацртаната цел. Сепак, овој ѓавол признава дека му е тешко да си најде девојка.

- Да, признавам, тешко е да најдеш некој покрај себе во ваква ситуација, но јас барам девојка која мже да види што се крие под маската, додава Дијабло.

 

 

 

12.02.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега