Полицијата направи парче - запленети 11.000 петарди во Делчево и Ресен

 

Полицијата изминативе денови направи парче во Делчево и Ресен.

32-годишната  ресенчаанка С.Д. е фатена како на импровизирана тезга продава 1.480 парчиња петарди и огномет, додека во Делчево биле запленети над 9.000 петарди.

Во првиот случај се работи за 34-годишниот Д.К. од Македонака Каменица кој бил фатен со 5.240 петарди, а во вториот случај, станува збор за 46-годишниот Ј.В. исто така од Македонак Каменица кај кој во продавница се пронајдени 4.300 петарди.

За делото ќе си заработат соодветна кривична пријава.

12.02.2014 - 12:39
Фото: 
Дневник.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега