Бомба во основно училиште во Тетово - „платете ми 100.000 ако не сакате експлозија“

100.000 денари побарало се уште непознато лице од директорката на основното училиште „Братство Мигени“ од Тетово за да не ја активира бомбата која тврди дека ја поставил во зградата. Како што дознава Press24 од полициски извори, директорката утрово околу 11:45 часот добила e-mail порака дека бомбата ќе биде активирана доколку не бидат исплатени парите по што случајот е пријавен во полиција. 
Полициските екипи веќе се на терен. Зградата на училиштето се пребарува.

12.02.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа