Обука на патронажните сестри за откривање знаци на заостанување во развојот кај децата
Националното здружение на медицински сестри и акушерки и Детскиот фонд на Обединетите нации започна иницијатива за градење на капацитетите на патронажните сестри за што е можно порано откривање знаци на заостанување во развојот кај децата. Иницијативата насловена како „Учиме заедно: Поддршка за семејствата и децата со пречки во развојот“, ќе им помогне на дечињата.
Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ смета дека децата со пречки во развојот кои добиваат квалитетна нега и можности за развој, особено во раните години од животот, се со поголема веројатност да го достигнат својот целосен потенцијал и да водат продуктивен живот.
Патронажните сестри ќе бидат подобро обучени да го следат целокупниот физички, социјален, когнитивен и емотивен развој на доенчињата и малите деца, да идентификуваат знаци на развојни тешкотии и да обезбедат поддршка за родителите и семејствата.
Патронажните сестри ќе развијат нови вештини за помош на родителите со вакви предизвици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа