ФОТО: Низ улиците слободно шета педофил кој силувал и убил четири момчиња

Маж од Полска кој поминал 25 години во затвор поради педофилија, конечно излезе на слобода.

Се работи за Мариуш Тринкиевич, кој во 1989 беше осуден за силување и убиство на четири малолетни момчиња за што доби четири смртни казни, кои по промената на законите му беа заменети со 25-годишна затворска казна, синоќа излегол од затвор, јавија чешките медиуми.

Јавноста веќе неколку недели стравува поради ослободувањето на Полјакот. Тринкиевич уште на почетокот на 80-те години на минатиот век додека бил војник бил осуден на една година затвор за сексуална злоупотреба на малолетници. Казната му била прекината заради потреба од негување на неговата мајка и во тој период како што подоцна изјавил во знак на одмазда за казната киднапирал, сексуално злоупотребил и убил четири момчиња. 

Засега не е познато каде ќе живее, а народот стравува да не го повтори делото.

12.02.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега