Бебенцето од Штип не голтнало отров

 

Maјката на 17-месечното бебенце, за кое вчера се пишуваше дека голтнало отров за глувци во градинка, изјавила дека резултатите на крвта покажале дека Анџела немала труење, пишува Дневник. 

Оваа информација ја потврдила и директорката на скопската клиника, Аспазија Софијанова, додавајќи дека детето веќе е пуштено дома.

Приказната дека Анџела имала труење почнала кога нејзината мајка, на социјалните мрежи објавила дека се во болница откако ќерка и во градинка голтнала розово парче отров за глувци.

- Завчера околу пладне негувателка во детската градинка се посомневала бебето случајно да не дошло во контакт со некаков отров оти претходно во градинката била извршената дератизација, па тоа веднаш било однесено во болница каде што не биле констатирани никакви знаци на труење, вели директорот на детската градинка „Асибо“ во Штип, Илија Митров, пренесува Дневник.

Како што пишува весникот, од штипската болница потврдиле дека детето не манифестирало знаци на труење додека престојувало кај нив. На Kлиниката за детски болести било испратено по барање на родителите.

12.02.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега