Ситуацијата се влошува: Шумахер добил воспаление на белите дробови
Се влошува ситуацијата на Шумахер. Иако целото негово семејство и целиот свет се моли за неговото оздравување, за жал, кај седумкратниот шампион во Формула 1има нови компликации, бидејќи добил воспаление на белите дробови.
Пред две недели докторите започнаа да го будат Михаил од вештачката кома во која се наоѓа повеќе од еден месец. Тој само накратко ги отвори очите, а иако тоа е добар знак, лекарите се загрижени бидејќи легендата не реагира на тестовите за рефлекси.
Со воспалението на белите дробови, самиот организам добива помалку кислород, слабее уште повеќе, а со компликациите може да дојде и до откажување на органите и смрт.
Лекарите 24 часа се до Шумахер на интензивна нега и прават се за да му го спасат животот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа