Волкер: НАТО се соочува со отсуство на американско водство

 

НАТО се соочува со отсуство на американско водство, хаос во односот со Русија и неподготвеност за реагирање во светските кризни жаришта, оценил поранешниот американски амбасадор во НАТО, Курт Вокер, на вчерашната дебата за иднината на НАТО во Вашингтон, пренесува МИА.

-Проширувањето на НАТО и менаџирањето со кризи се двете крупни работи кои НАТО ги заврши по падот на комунизмот. Овие два елементи се во хаос деновиве. Градењето на Европа како обединета, целосна и во мир не е завршено. Имаше големи успеси, видовме прием на дузина нови членки, но погледнете го Западниот Балкан, Босна, Косово или Македонија, каде имаме уште незавршени работи. Уморни сме од НАТО, немаме буџет, ниту идеи, истакнал Волкер на дискусијата организирана по повод посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на САД.

Самитот на НАТО ќе се одржи во септември во британскиот град Њупорт. Се уште не се знае дали проширувањето ќе биде ставено на агендата. Црна ГОра и Македонија, кои се водечки кандидати за членство во Алијансата, добија поддршка

Самитот на НАТО ќе се одржи во септември, во британскиот град Њупорт, и се уште не е јасно дали проширувањето ќе биде поставено на агендата. 40 американски конгресмени и сенатори деновиве ги поддржаа Македонија и Црна Гора, кои се водечки кандидатки за членство во НАТО. Волкер, пак, побара од САД да извршат политичко влијание повеќе тешки прашања да бидат поставени на агендата.

12.02.2014 - 09:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега