Беџети: Македонија ги презема сите постапки за екстрадиција на обвинетите во "Монструм"
Денеска министерот за правда на Република Македонија Блерим Беџети на прес-конференција изјави дека Македонија ги презема сите постапки за екстрадицијата на првообвинетите во случајот „Смиљковско езеро“.
- Министерството за правда ги презема сите постапки, како и за сите други случаи, така и за овој. Ние сме во комуникација со косовското Министерство за правда. Се уште не сме официјално известени, но по сознанијата што ги имаме факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите и дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. Потоа ќе добиеме и одговор за екстрадиција, изјави министерот.
Беџети инсистираше да не се прејудицира во однос на екстрадицијата.
- Сметам дека треба да причекаме да завршат сите постапки, повтори министерот за правда.
ФОТО: утрински