Беснилото донесе паника кај скопјани - десетина пациенти на Инфективната клиника

 

Oткако беше потврдено дека во Скопје е регистриран случај на мачка со беснило, во текот на вчерашниот ден дури десетина лица побарале помош на Инфективната клиника, пренесува Здравство24.

Според информациите на порталот, дел од пациентите биле гребнати од мачка, а останатите превентивно се јавиле на Инфективната клиника бидејќи биле во контакт со мачки. Пациентите добиле вакцина и серум и биле пуштени на домашно лекување, дознава Здравство24.

Лекарите препорачуваат оние граѓани кои ќе ќе бидат каснати од куче или мачка, веднаш да се обратат во најблиската здравствена установа за превентивно да добијат соодветна терапија. Според лекарите, пишува порталот, терапијата има најголем ефект доколку се прими во првите 48 часа по каснувањето. Беснилото го напаѓа нервниот систем кај луѓето и е смртоносно.

ФОТО: Сител

најчитано сега