Деветмина Срби осудени на 106 години затвор за масакрот во 1999

Како што пишуваат српските медиуми девет припадници на формацијата „Шакали“ биле осудени на вкупно 106 годнини затворска казна, двајца биле ослободени од обвиненијата за убиство на повеќе 120 албански цивили, а пак тројца добиле максимална казна од 20 години затвор.

Припадниците биле обвинети за  воени злосторства против цивилно население, кои биле извршени на територијата на општина Печ на Косово, и тоа во април и мај во 1999. година. Тогаш во селата со албанско население, Чушка, Захац, Пављан и Љубенич, биле убиени 120 цивили.

Во обвинението кое ги товари за ова злосторство, било наведено дека за време на убиствата, силувањата и уништувањата на имоти, обвинетите покажале невидена бесчувствителност. Така најмладата жртва имала 19, а најстарата 87 години.

11.02.2014 - 17:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега