Започна нов судски процес против Берлускони

Во Неапол денеска  започна нов судски процес против поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во случајот што во јавноста стана познат како „купување-продавање на сенатори“.

Берлускони, кон крајот на минатата година беше тргнат од сенаторската функција поради правосилна пресуда за големи даночни измами. Сега тој е обвинет за корумпирање на сенатори од владејачката во 2006 година левоцентристичка коалиција. Како негови соучесници се поврзуваат поранешниот главен уредник на социјалистичкиот дневен весник „Аванти“ Валтер Лавитола и поранешниот сенатор Серџо Де Грегорио.

Одбраната на Берлускони побара симнување на обвинението против него поради неправилно доделување на судската покана, која била предадена на неговата лична секретарка во зградата во Аркоре во близина на Милано, а не во доворецот „Грациоли“ во Рим, каде лидерот на „Форца Италија“ го регистрира како место на живеење пред два месеци.

Судот се воздржа од коментирање на приговорите, по што го отфрли барањето на одбраната на Берлускони.

Следното судско рочиште е закажано за утре. 

11.02.2014 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега