Од мај кавадарчани ќе паркираат во нова катна гаража

 

До мај годинава треба да заврши изградбата на катната гаража во Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов кој денеска го посети објектот за да види како течат градежните активности, вели дека општината интензивно ја подготовува и документацијата за зонско паркирање и за давање под концесија на паркинг местата.

- Катната гаража ќе го реши проблемот со немањето доволно паркинг места во градот и особено потребите на граѓаните во пазарните денови, истакна Панов. 

Катната гаража има капацитет од 100 места.

11.02.2014 - 15:40
Фото: 
нм.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега