Десет лица загинаа а 25 се повредени во напад врз кино сала во Пакистан

Најмалку десет лица загинаа, а 25 беа повредени денеска во напад врз кино сала во градот Пешавар во Северозападен Пакистан.

Нападот бил извршен во киното „Шама“ каде над сто лица гледале филм кога експлодирале три гранати.

Според Пакистанските медиуми во локалната болница биле примени десет тела и 25 ранети.

Болничката администрација ја повика јавноста да дарува крв за повредените, од кои некои се во критична состојба.

11.02.2014 - 15:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега