Толку од сонцето утре дожд - еве какво ќе биде времето до крајот на неделата

За разлика од денеска кога му се радуваме на сонцето, утре ќе се дружиме со дождот. Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Врнежите најпрво ќе ги има во западните делови, а до крајот на денот ќе се прошират и низ целата земја. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде облачно, попладне и особено во ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Врнежи од дожд ќе има и во четврток, а за време на викендот повторно не очекува сончево и топло време.

11.02.2014 - 14:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа