По цели 34 години пронајдено телото на исчезнатиот планинар на врвот Матерхорн

По цели 34 години од трагедијата на врвот Матерхорн во Швајцарија, од страна на пилотот Геролд Бинер прелетувал во близина на северната страна на врвот кога ја здогледал напуштената планинарска опрема и случајно го открил телото на Џонатан Конвил.

Џонатан бил планинар со огромна желба за освојување на највисоките врвови во светот. Тој пред многу години започна авантура на озогласениот врв Матерхорн во Швајцарија, но за жал заврши трагично, а неговото тело со децении било заклучено во ледената гробница.
Конвил паднал од 5.000 метри високиот врв во 1979-та година, а веројатноста за пронаоѓањето на неговото тело била еднаква на нула.
Но по топењето на глечерите, предизвикано од глобалното затоплување беше откриено телото на Џонатан.

Неколку денови по божиќните празници поминати со семејството, Џонатан тргнал на авантура заедно со пријател од Холандија. Успеале да го качат врвот, но при враќањето надоле, планината ја зафатила снежна бура. Џонатан исчезнал, а неговиот пријател го спасиле со хелихоптер.

Посмртните остатоци биле префрлени во форензичка лабораторија каде што научниците ја испитувале и Отзија, пет илјади години старата мумија, исто така откриена како последица на топење на глечери.

11.02.2014 - 14:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа