Кога ги губиме сеќавањата од детството?

Многумина луѓе не можат да се сетат на ништо од детските денови како резултат на тоа што децата немаат невронски способности за чување на автобиографските сеќавања, а научниците сега открија дека најраните спомени почнуваат да избледуваат во седмата година од животот.
 
Научниците што го спровеле истражувањето велат дека тоа се разликува многу од претходните што се занимавале со оваа тема, затоа што не разговарале со возрасни луѓе, туку испитувале мали деца.
 
Во студијата учествувале 83 деца, на возраст од 3 години. На родителите им било кажано да ги прашаат децата за шест различни настани, како што е посета на зоолошка градина или некој роденден, а кои се случиле во претходните шест месеци. Прашањата секогаш започнувале со „Се сеќаваш ли кога бевме...“, а се покажало дека децата имале побогати спомени кога родителите ги оставале сами да го опишат настанот.
 
Потоа, истражувачите ги поделиле децата во пет групи и ги следеле како растат. Децата на возраст од 5,6 и 7 години можеле да сетат од 63 до 72 проценти на настаните што им се случувале на три години, а во 8. и 9. година се сеќавале на само 35 проценти од спомените. Сепак, научниците нагласиле дека постарите деца се сеќаваат на помалку работи, но оние спомени кои останале се многу живописни и детални.
11.02.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега