Невработените бремени жени нема да плаќаат партиципација за микробиолошките прегледи

Министерството за здравство донесе нова мерка за здравствената заштита на бремените жени. За ова денеска на прес-конференција информираше министерот за здравство, Никола тодоров.

Бремените жени корисници на социјална помош, минимална плата или невработени, се ослободуваат од партиципација за микробиолошките прегледи, а се што треба да направат е само дадостават  дека припаѓаат на една од овие категории.

Со новата мерка, околу 6.000 жени годишно ќе можат да прават бесплатни брисеви. Предвидено е да се прават четири тестови во периодот од 12 до 14 недела од бременоста.

По бројни анализи и разговори со експерти, утврдено е дека предвременото раѓање е најчеста причина за доеничка смртност, а најчеста причина за ова, како што наведе министерот Тодоров, се неодење на гинеколог во текот на бременоста и неправењето на овие микробиолошки тестови.

 

11.02.2014 - 13:55
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега