Трајановски оствари средба со делегација на Ниш

Градоначалникот на Скопје  денеска се сретна  со делегација од Ниш, предводена од Александар Цветковиќ, началник на нишкиот управен округ. На оваа средба присуствуваа директорот на Народната библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Небојша Васиќ, проф. д-р Горан Максимовиќ, декан на Филозофскиот факултет во Ниш, како и Бранко Цветковски, директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје.

На средбата е разговарано за продолжување на соработката во рамки на еврорегионот Скопје-Ниш-Софија „Евробалкан“. Беа разгледани и можностите за соработка во обвласта на културата.

11.02.2014 - 13:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега