Пожар во скопски ГТЦ

Пожар избувна во Градскиот трговски центар во СКопје. Според информациите на А1.он, огнените јазици започнале да се шират од оџакот, од приземјето на ГТЦ од стараната на Жена парк, во улицата каде порано имаше автобуска постојка.

За среќа, со брзата интервенција на пожарникарите кои веднаш пристигнале на местото на настанот, пожарот бил изгаснат за кратко време.

Пожарните возила го напуштија местото на настанот.

 

11.02.2014 - 13:31
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега