Најврнежлива зима во Англија во последните 248 години

Британската Агенција за човекова околина денеска соопшти дека оваа зима, а посебно декември и јануари, се најврнежливите во Англија и Велс во последните 248 години.

Обилните врнежи од дожд и силно надојдените води на реките и каналите, предизвикаа досега над пет илјади домови и приватни имоти, во југозапдните делови од Англија, да бидат поплавени. Само од крајот на минатата недела, се регистрирани нови 900 поплавени домови.

Засега најтешка е ситуацијата во англиската област Сомерсет, каде цели реони се под вода безмалку два месеци, како и во југозападните делови на земјата, во Девон и Корнвол.

Главната закана доаѓа од реката Темза која од вчера почна да се излева во делови од Виндзор и Итон Риверсајд, како и во Стеинс, градови населби блиску до Лондон, а Агенцијата човекова околина означи 14 локации во реони од Оксфордшир, Сомерсет, Бершир и Сари како критично опасни за излевање на реката.

Лондон и централното градско подрачје засега не се споменуваат како загрозени од можни поплави.

 

11.02.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега