Статистика: Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во декември 2013 година изнесува 2.127.801.000 денари, што претставува намалување за 31.1 отсто во споредба со декември 2012 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е намалена за 37.8 отсто, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е намалена за 4.4 проценти, додека намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се бележи кај житата, индустриските растенија, овошјето, алкохолните пијалоци, добитокот, млекото и млечните производи, а од друга страна зголемување на вредноста е забележано кај зеленчукот, фуражните растенија, грозјето, живината и јајцата и рибата. 

11.02.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега