Стружанец ги продава куќите на Ал Капоне и Ескобар
Македонец има чест да ги продава луксузните куќи на светски познатите ѕвезди. Се работи за стружанец кој ги продава имотот на легендарниот Пабло Ескобар и прекрасната вила на Ал Капоне.
- Во овој кршлив и нестабилен маркет, едно нешто е многу цврсто, а тоа е маркетот на луксузните недвижности. Освен многу среќа, ми требаше многу храброст, упорност, силна желба, и се разбира знаење, за да им помогнам на славните и најуспешните бизнисмени да ја пронајдат куќата од нивните соништа или добра инвестиција. Да се соработува со нив е привилегија, а и голем предизвик, вели за Вест успешниот Македонец.
Триесет и четиригодишниот Чуркоски во Америка пристигнал на 15 години и таму бил на колеџ. На само 20 години тој отворил своја транспортна компанија, а четири години подоцна купил италијански ресторан и го разработил.
- Адријана Лима, Шакира, Енрике Инглесијај, Двејн Вејд, Камерон Дијаз, Ева Лонгорија, Мајкл Беј се само неколку од многуте светски ѕвезди со кои имам соработувано и соработувам. Останатите и се помалку познати на јавноста, вели Чуркоски за Вест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа