Откажано е денешното издание на X-Фактор - наредниот вторник двајца натпреварувачи си одат дома
Откажано е Live изданието од популарното музичко шоу Икс фактор кое требаше да го гледаме денеска. Наместо live настапот ќе се емитува специјалното издание„ Запознај го својот фаворит“.
Голем број од учесниците се болни, па поради тоа продукцијата одлучила да ги откаже настапите, бидејќи не е фер некои од кандидатите да немаат добар настап и да излезат само поради болки во грлото.
- За жал, епидемијата на грипот моментално владее во Х Фактор, па затоа испланиравме пауза која треба да се случи после половина од емитувањата на лајв изданијата, следното шоу во живо го поместивме само за една недела, се приближуваме до финалето и ова е вистински момент да направиме пресек на нивните досегашни настапи, изјави и впечатоци, стои во соопштението.
Наредната емисија ќеиспаднат двајца кандидати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа