Од денеска истурени пунктови за наградната игра „Фискална во рака – награди без мака“

Истурените пунктови низ Македонија за наградната игра „ Фискална во рака – награди без мака“ стартуваат денеска. Пунктовите каде граѓаните ќе можат да ги остават ковертите со фискални сметки за наградната игра, ќе се движат по градовите во насока на стрелките на часовникот. Во период од 10:00 до 16:00 часот, граѓаните ќе можат да ги остават своите пликоа според следниот распоред:

Вторник           11.02.   ВЕЛЕС (продажно место ЛОТО77)

Среда              12.02.   ШТИП (продажно место ТУТУН ПРОМ)

Четврток          13.02.   КОЧАНИ (продажно место АНАФИЛ)

Петок               14.02.   СТРУМИЦА (продажно место ВАТКОС)

Сабота             15.02.   ГЕВГЕЛИЈА (продажно место  МОНТЕ МК)

Недела             16.02.   КАВАДАРЦИ (продажно место СИГМА)

Понеделник      17.02.   ПРИЛЕП (продажно место ТОБАКО ПЛУС)

Вторник           18.02.   БИТОЛА (продажно место ВАГАБОНД)

Среда              19.02.   ОХРИД (продажно место ПРАГМА)

Четврток          20.02.   СТРУГА (продажно место КИКИ ТВИНС)

Петок               21.02.   КИЧЕВО (продажно место АНДРОКО)

Сабота             22.02.   ГОСТИВАР (продажно место ЈОТОН)

Недела             23.02.   ТЕТОВО (продажно место БАРТОН)

Секојдневно во Скопје ќе функционираат три истурени пунктови на Наградната игра и тоа на улица „Македонија“ пред Толлакс – продажно место на Државна Лотарија, во „Техномаркет“ – Сити Галери и во зградата на МРТВ.

За потсетување, се што треба да направите за да бидете дел од играта е да соберета 20 фискални сметки, да ги ставите во стандарден бел коверт и да ги испратите до Државна Лотарија на Македонија со назнака за „Фискална во рака – награди без мака“.

Извлекувањето е на 24 февруари.

11.02.2014 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега