Штипјани пијат вода од Скопје
Град Скопје и јавните градски претпријатија активно се вклучени во помошта за општините во Македонија кои изминативе денови беа погодени од поплави, информираат градските власти.
- Една цистерна на ЈП „Водовод и канализација“ деновиве е вклучена во процесот на доставување чиста вода за пиење во општина Штип каде поради поплавите е попречен редовниот процес на водоснабдување, соопшти Град Скопје.