Директорот на градинката во Штип демантира: Не е вистина дека бебето изело отров за глувци

 

Трагедија ги потресе Штипјани. Според неофицијалните податоци кои ги пренесе ТвОрбис, петнаесетмесечно бебенце синоќа додека било во градинка изело отров за глувци по што било веднаш пренесено во болница каде му го испрале стомачето и му дале против отров.

Директорот на градинката Астибо каде оди детенцето, Иле Митров, денеска за Курир демантира дека детето изело отров.

-Во петокот и саботата се вршеше редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција од страна на Хигиенскиот завод во Штип според сите прописи и процедури. Таков отров за физички да се стави во уста, воопшто не може да се најде, бидејќи се прска. Бидејќи детето ставило нешто во уста, една од вработените се посомневала да не е случајно нешто отровно, имајќи предвид дека викендов се вршеше дезинфекција. Откако ме повикаа и ми го кажаа случајот, превентивно решив детето заедно со родителите да се однесе во болница, каде што според испитувањата констатирано е дека нема ништо. Но, родителите и покрај тврдењата на медицинскиот персонал дека може детето да си оди дома, одлучиле детето да го однесат во болница во Скопје. Јас сум во контакт со еден од родителите и тој потврдува дека испитувањата во Скопје исто така покажале дека се е во ред, протоколарно се задржани 24 часа, вели директорот на градинката Митров за Курир.

 

Од општината го истражуваат случајот.

11.02.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега