Вељановски повика странски набљудувачи за претседателските избори во Македонија

 

Собранискиот спикер Трајко Вељановски ги повика претседателите на парламентарните собранија на ОБСЕ, на НАТО, на Советот на Европа и на Европскиот парламент да испратат набљудувачи за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат во април во Македонија.

Во соопштението од кабинетот на македонското Собрание стои дека Вељановски упатил покана до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на изборот на претседател на Република Македонија.

Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија, стои во соопштението.

За потсетување, Вељановски на 1 февруари 2014 година донесе Решение за распишување избори за претседател на Република Македонија кои ќе се одржат на 13 април.

11.02.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега