Внимавајте каде паркирате: Пајакот „лапна" 96 автомобили низ Скопје

Пајакот повторно направи парче на скопските улици. Во текот на изминатото деноноќие со специјалното возило биле отстранети 96 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција откри и санкционира четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и ги исклучи од сообраќај, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Се случиле 16 сообраќајки во кои има деветмина повредени.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

11.02.2014 - 09:17
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа