Бијонсе и Обама во тајна врска !?
Францускиот папарацо Паскал Ростен тврди дека американскиот претседател Барак Обама и пејачката Бијонсе се во тајна врска.
Тој за радио Јуроп 1 изјави дека утре „Вашингтон пост“ ќе објави за љубовната врска меѓу Обама и Бијонсе.
“Во САД се случува нешто неверојатно. Утре „Вашингтон пост“ ќе објави за наводната врска меѓу Обама и Бијонсе”, наведе Ростен кој воедно е еден од водечките папараци во Франција.
Ростен е автор и на првите фотографии на незаконската ќерка на францускиот претседател Франсоа Митеран, Мазарин, кои се појавија во 1994 година.
11.02.2014 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа