ВНИМАВАЈТЕ: Оваа фирма од Скопје лажно посредува за работа во странство
Момче и девојка наместо на печалба во Абу Даби, останале во Македонија, измамени и олеснети за 650 евра, објави „Канал 5“. Парите ги уплатиле во агенцијата „Виза плус“, специјализирана за вработување во странство. За агенцијата разбрале преку интернет и виделе шанса да замине на печалба во Абу Даби, во ОБединетите Арапски Емирати.
Ако отворите на страната на „Виза Плус“ ќе видите дека понудата навистина е одлична и тоа не само за работа туку и за едукација.
Откако парите легнале на сметка, од агенцијата им рекле дека најмногу за три недели девојакта ќе биде во Абу Даби. Но, ниту по месец дена девојката не добила никаква понуда. Девојката и нејзиниот свршеник започнале да се сомневаат.
Виза Плус била сместена во простории во центарот на Скопје. Денеска нема ниту трага од неа. Соседите за „Канал 5“ изјавиле дека агенцијата добро работела, но во декември врботените се спакувале и си заминале.
Откако пријавиле во полиција, девојката и нејзиното момче, добиле препорака да си поднесат приватна тужба. Според инфомациите на „Канал 5“, на 17 декември „Виза плус“ започнала постапка за ликвидација.
„Виза Плус“ на својата Фејсбук страница има 20.000 фанови. Колку од нив „загризале“ на мамецот ќе треба да каже Министерството за труд и социјална политика кое што ја издало дозволата за работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа